Hakan Burak Altunöz
13 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ТРАБЗОН (АА) - Најмалку 44 лица се лишени од слобода за време на утринската обемна полициска операција во Турција која по налог на Обвинителството е спроведена во рамките на истрагата за терористичката организација Фетулачи/Паралелни државни структури (ФЕТО ПДЈ), јавува Anadolu Agency (AA).
По налог Државното бвинителство во Трабзон, утрово турската полиција изврши претреси на вкупно 67 адреси во десет турски градови. Акцијата е спроведена во Трабзон, Анкара, Истанбул, Ардахан, Бурса, Дијабакир, Ерзиџан, Хатај и Османија.
Меѓу 44 лица кои за време на утринската полициска акција се лишени од слобода, 33 лица се од Трабзон. Сите приведени се сомничат дека со таканаречените „паралелни структури” прибавувале финансиски средства со злоупотреба на верските чувства на луѓето и под изговор дека собираат пари за стипендии, зекат и курбани.
За време на претресот запленета е документација која во продолжение на истрагата би можела да помогне во расветлување на криминалниот прстен „паралелни структури”, а меѓу приведените се и неколку наставници и раководители на образовни установи.
Фетулах Ѓулен е водач на терористичката огранизација со која во повеќе државни институции беа поврзани „паралелните структури” кои со злоупотреба на позициите се обидоа да предизвикат дестабилизација на Турција и да извршат државен удар.
Во врска со таа организација во Турција се водат низа судски процеси во кои се покренати обвинениjа за прислушкување, злоупотреба на позициите и овластувањата, обид за државен удар и други криминални активности. Полициските операции против организацијата на Ѓулен во Турција покренати се во 2014 година и досега се приведени повеќе од 4.000 лица.