Ekipa
18 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Франција, Матијас Фекл, соопшти дека француската полиција уапсила две лица осомничени за подготовка на „неизбежен“ напад во земјата.
Фекл на прес-конференција рече дека апсењето е извршено во градот Марсеј, во јужниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Уапсените се осомничени дека планирале да извршат напади во наредните денови, во време кога Франција се подготвува за првиот круг од претседателските избори закажани за 23 април.