Meltem Bulur
18 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
АНКАРА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, на социјалната мрежа „Твитер“ ја сподели фотографијата на која се гледа како набљудувачот од Советот на Европа на референдумот во Турција, Германецот Андреј Хунко, позира пред знамето на ПКК. За оваа фотографија Чавушоглу изјави: „Зарем од ова лице ќе очекуваме непристрасност?“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу преку својот официјален профил на „Твитер“ ја сподели фотографијата на Хунко, пратеник на германската партија Левица во германскиот Парламент, како позира пред парче платно што ја симболизира терористичката организација ПКК. „Хунко, кој позира пред предавниците со партал во рацете е набљудувач на Советот на Европа. Зарем од ова лице да очекуваме непристрасност?“ напиша Чавушоглу.
Вчера, Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), Бирото на демократски институции и човекови права и Парламентарното собрание на Советот на Европа приредија заедничка прес-конференција за работата на меѓународната набљудувачка мисија во рамките на референдумот за уставни реформи што на 16 април (недела) се одржа во Турција.