Adel Ömeragiç
10 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, пристигна во официјална посета на Црна Гора. Тој денес, на почетокот од својата посетата на оваа земја, во вилата Горица се сретна со црногорскиот колега Срѓан Дармановиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај средбата со Дармановиќ, Чавушоглу денес ќе се сретне и со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, и претседателот на Собранието, Иван Брајовиќ. Планирано е Чавушоглу и Дармановиќ по средбата да одржат прес-конференција.
Чавушоглу пристигна во посета на Црна Гора, во период кога оваа земја се наоѓа пред полноправно членство во НАТО, што е и една од темите на денешните средби. Чавушоглу на средбите со официјалните претставици на Црна Гора ќе разговара и за билатералните односи меѓу двете земји.
Тој минатата година требаше да биде гостин на форумот „2БС“ (To be Secure) во Будва, но тогашната посета беше откажана поради политичката криза во Турција.
Чавушоглу во 2014 година престојуваше во официјална посета на Црна Гора, како министер за европски прашања на Турција.