Turgut Alp Boyraz
18 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Управа на затворите им забрани на палестинските затвореници што штрајкуваат со глад да се видат со семејствата и со адвокатите, јавува Anadolu Agency (АА).
„Израелски официјални лица од затворот пренесоа дека по повод вонредната состојба што владее во затворите поради штрајкот со глад на палестинските затвореници, откажани се сите посети на членовите на семејствата и адвокатите“, изјави за АА претседателот на Здружениот на палестинските затвореници, Kадур Фарис.
На вториот ден од штрајкот со глад, на околу 2.000 палестински затвореници им беше забранета посетата од роднините и адвокатите, а водачите на штрајкот се сместени во самица.
Од меѓународната организација Црвен крст и од Израелската управа за затвори сѐ уште се немаат огласено по повод оваа забрана.
Околу две илјади Палестинци во израелскиот затвор вчера стапија во штрајк со глад со цел да стават крај на израелското самоволие и на кршењето на правата, како и за подобрување на условите во затворите.