Ekipa
18 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
ИДЛИБ (АА) - Вкупно 15 лица, претежно деца, го загубија својот живот во воздушните напади извршени во сириските градови Идлиб и Алепо, кои се наоѓаат во близина на границата со Турција и се под контрола на опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Појасот Маарет Херма, поврзан со областа Џабал Завија во јужниот рурален регион на Идлиб, е погоден во воздушниот напад од страна на руските авиони. Цели во нападот биле куќите на цивилите. Загинаа 9 деца и една жена“, истакнува во својата изјава за АА, министерот за здравство на техничката влада во Сирија, Фирас Џунди.
„Од уништувањата предизвикани од нападот јасно е дека е употребена вакуумска бомба. Спасувачките операции продолжуваат“, вели Убејде Осман, директор на Центарот за цивилна одбрана во појасот Кефер Нубул, кој се наоѓа во близина на Маарет Харма.
Исто така, Центарот за цивилна одбрана во Алепо преку социјалните мрежи соопшти дека во утринските часови петмина цивили го загубиле својот живот во појасот Урм Ќубра. Во соопштението е наведено дека во нападот има и ранети, претежно жени и деца, и дека нападот е извршен од страна на руските авиони и е употребена вакуумска бомба.