Yusuf Özcan
16 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
ПАРИЗ (АА) - Франција ја предаде на Армијата на Мали својата воена база во градот Тесалит, на северот на Мали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Генералштабот на Франција се наведува дека во согласност со одлуката донесена од претседателот Емануел Макрон и земјите од Г5 Сахел во јули минатата година, Франција на 13 ноември ја предаде својата воената база во Тесалит на Армијата на Мали.
Се нагласува дека француските војници ја напуштиле воената база на 15 ноември.
Во претходно соопштение од францускиот Генералштаб беше истакнато дека елементите на операцијата „Бархан“ се повлекле од регионот Кидал, а последниот логистички конвој го напуштил регионот на 12 октомври.
Меѓу другото, беше соопштено дека во регионот е оставен и последниот баталјон војници за да ги завршат логистичките и административните процедури.
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе ја прекинат операцијата „Бархан“ во првиот квартал на следната година, но дека нема да се повлечат од регионот.
Во својата изјава на Самитот Африка - Франција на 8 октомври, Макрон рече дека неговата земја нема цел долго време да остане во Мали.
Како дел од операцијата „Бархан“, што започна во 2014 година, Франција има 5.100 војници во регионот Сахел, во кој спаѓаат Мавританија, Мали, Буркина Фасо, Нигер и Чад.