Onur Usta
04 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
ПАРИЗ (АА) – Франција го повика Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) да одржи итен состанок по извршениот напад со хемиско оружје во појасот Хан Шејхун во областа на сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Марк Еро, во своето пишано соопштение наведе дека го осудува овој кукавички напад. „Ги повикувам сите да преземат одговорност за фактите што ја загрозуваат меѓународната безбедност. Во овој контекст побарав да се одржи итен состанок во Советот за безбедност на ОН“, вели Еро во изјавата.
Министерот Еро во соопштението нагласува дека нападот во Сирија е неприфатливо прекршување на Конвенцијата за хемиско оружје, која го забранува користењето на хемиските оружја, и оти сирискиот народ веќе долго време е жртва на нападите со хемиско оружје.