Aldıjana Hadzıc
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ПАРИЗ (AA) - Во Франција се одржува 52. „Paris Air Show“ (52. Париски аеромитинг), а на меѓународниот саем своите најсовремени примероци на авиони и летала ги претставуваат водечките светски компании од авиоиндустријата, јавува Anadolu Agency (AA).
Досега се претставени низа модели на патнички авиони, меѓу кои се истакнуваат леталата на произведувачите „Airbus“ и „Boeing“. Меѓу другото, претставени се моделите „Airbus A400 M“, „Embraer E 190-E2“, „Airbus A 321- Neo“, „Airbus A380“, „Airbus A350-1000 XWB“ и „A737 Max Boeing“.
На годинешниот саем ќе бидат изложени околу 130 летала (авиони, дронови, хеликоптери).
-Саемот се одржува од 19. јуни и во првите четири дена е отворен за посети на делегации кои професионално се занимаваат со авијација, а во наредните три дена ќе биде отворен за јавноста.
На 51. саем, одржан во 2015. година беа изложени 150 летала, а се претставија 2.303 излагачи од 48 земји. Истата година саемот го посетија повеќе од 350.000 луѓе.
Саемот зазема важно место во календарите на многумина љубители од авиоиндустијата, па нема сомнеж дека и оваа година интересот ќе биде голем.