Turgut Alp Boyraz
21 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
АШДОД (АА) - Бродот „Шефкат“ кој со 10.000 тони хуманитарна помош, кој тргна од Гази во Турција, вплови во израелското пристаниште Ашдод, јавува Anadolu Agency (AA).
Бродот кој исплови од турското пристаниште Мерсин, по 40 часа патување се засидри во Ашдод, а беше пречекан од амбасадорот на Република Турција во Тел Авив, Кемал Окем, Џенгиз Акин од Управата за катастрофи и вонредни состојби на Република Турција (AFAD) и од други официјални лица.
Помошта е собрана под координација на АФАД, а се состои од повеќе од 50.000 пакети храна, 5.000 тони брашно, 100 тона бисквити и колачи, облека, поголема количина играчки, школски прибор и велосипеди.
Ќе биде доставена и социјална помош за загрозените во Газа.
Акин потсети дека и минатата година, пред Рамазански бајрам ги израдувале луѓето на кои им била потребна помош.
„И оваа година сме во пристаништето Ашдод. Ако даде Бог, утре ќе почнеме да делиме помош во Газа“, изјави Акин.
Тој рече дека имаат намера помошта да ја поделат пред Бајрам, за таа да биде бајрамски подарок.
По договорот за нормализација на односите со Израел, Турција минатата година испрати два хуманитарни брода во Газа.