Şerife Çetin
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Портпаролот на белгиското Сојузно државно обвинителство, Ерик ван дер Сипт, изјави дека осомничениот маж кој е неутрализиран на железничката станица во Брисел е Мароканец и на властите не им е познат за претходни терористички активности, пренесува Anadolu Agency (AA).
Белгиската новинска агенција Belga (Белга) претходно јави дека напаѓачот има полициско досие за сексуална злоупотреба.
Некои медиуми јавуваат дека станува збор за 36-годишен маж со иницијали О.З.
Инцидентот се случи доцна синоќа, на главната железничка станица во Брисел, а полицијата го третира како терористички напад.
Локалните медиуми тврдат дека за време на инцидентот, на станицата одекнала помала експлозија, а белгиската полиција и војска изведоа брза акција и ги блокираа приодите до железничката станица.
Мажот е забележан во центарот на Брисел со елек полн со експлозив, но брзо е неутрализиран.
Во март минатата година, во терористичките напади на аеродромот и метро станицата во Брисел загинаа најмалку 34 лица, а оттогаш ризикот од тероризам во таа земја е подигнат на трето ниво и на сила се засилени безбедносни мерки.