Melda Altakhan
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ПАРИЗ (АА) - При интервенција на полицијата врз демонстрантите што протестираа против новиот нацрт-закон за работни односи во Франција, еден демонстрант се здобил со повреда на окото, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што се најде во француските медиуми, во четвртокот, во Париз, на протестите против новиот нацрт-закон за работни односи се придружил и 46-годишниот Лорент Терон. При интервенцијата, полицијата користела солзавец. Капсулата од солзавецот го погодила Терон в око.
Лекарите од болницата во која Терон бил хоспитализиран соопштиле дека едното око ја изгубило својата функција.