Ekip
17 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
ФИЛАДЕЛФИЈА (АА) - Властите велат дека лицето кое дивеело, пукајќи по улиците на Филаделфија, убило жена и ранило пет лица меѓу кои и двајца полицајци, пред полицијата да го сопре и убие, јавува Anadolu Agency (AA).
Ричард Рос, комесар на полицијата на Филаделфија изјави дека полицијата започнала потрага по машкото лице и дека доцна синоќа по заседата ја нападнал полицајката Силвија Јанг, пукајќи и неколку пати во раката и во заштитниот елек. Рос додаде дека и Ед Милер, полицаец на Универзитетот во Пенсилванија, исто така бил ранет. Според неговите наоди, утрово две лица биле во стабилна состојба.
Рос изјави дека осомниченото лице пукало и во бар, ранувајќи ги чуварите во нога и земјаќи жена како жив штит, при што и пукал во нога.
Подоцна пукал во автомобил, погодувајќи маж и жена. Полицијата соопшти дека жената починала а дека машкото лице се наоѓа во тешка состојба.