Yusuf Özcan
26 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
ПАРИЗ (АА) – Во Франција е започната истрага против свештеник со образложение дека сексуално нападнал две деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Матие Бурет, обвинителот на Ремс, истакна дека две лица поднеле жалба преку е-пошта на 21 октомври, тврдејќи дека биле сексуално нападнати од истиот свештеник во нивното детство кон крајот на 1990-тите.
Наведувајќи дека едно од овие лица пријавило дека било сексуално нападнато повеќе пати во периодот 1996-1999 година, Бурет рече дека сакаат да земат изјави од нив.
Тој додаде дека е започната истрага против свештеникот.
Во извештајот објавен од Независната комисија за сексуална злоупотреба во црквите (CIASE), објавен на 5 октомври, се наведува дека 216.000 деца биле сексуално злоупотребувани во црквите од 1950 година до денес.
Исто така, во извештајот се истакнува дека ако се додадат и случаите на сексуална злоупотреба извршени од вработените во приватните училишта и институции поврзани со Католичката црква, оваа бројка достигнува 330.000 и дека сексуалната злоупотреба во црквите е „систематски феномен“.
Претседателот на Независната комисија за сексуална злоупотреба во црквите (CIASE), Жан-Марк Сов, нагласувајќи дека Католичката црква не ги презела неопходните мерки против инцидентите на сексуална злоупотреба, ја повика оваа институција да преземе одговорност.