Alaattin Doğru
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
ПАРИЗ (АА) - Бројот на невработени во Франција во 2020 година надмина 3,8 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата ја потврди Дирекцијата за истражување, труд и статистики при Министерството за труд на Франција.
Според овие податоци, иако во последното тримесечје бројот на невработени се намалил за 2,7 отсто, ако се земе предвид целата година, бројот на невработени минатата година се зголемил за 7,5 отсто во споредба со 2019 година.
Бројот на невработени во категоријата „лица кои воопшто немале работа“ се зголеми за 265.400 и достигна 3.816.700 лица.
Бројот на лица кои имале кус или подолг период на привремена работа изнесува 2.190.200.