свет

Иран од Русија ќе купи 2 милиони дози од вакцината „Спутник V“

Махмуд Ваизи, нагласи дека веќе два месеци се одвиваат разговорите со Русија, Индија и Кина во рамки на работите за снабдување со вакцини против Ковид-19.

Ahmet Dursun  | 27.01.2021 - Обновена : 30.01.2021
Иран од Русија ќе купи 2 милиони дози од вакцината „Спутник V“

АНКАРА 

Иран соопшти дека ќе увезе 2 милиони дози од вакцината „Спутник V“, развиена од страна на Русија против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА),

Според веста на државната телевизија на оваа земја, шефот на претседателскиот Кабинет, Махмуд Ваизи, нагласи дека веќе два месеци се одвиваат разговорите со Русија, Индија и Кина во рамки на работите за снабдување со вакцини против Ковид-19.

Ваизи информира дека со руската страна преговорите се забрзани, и дека сите документи во врска со вакцината биле разгледани и одобрени за употреба во земјата од страна на научна делегација.

„Се надевам дека денеска или утре ќе се потпише договорот за нарачка на околу 2 милиони дози на вакцината од Русија“, рече тој, додавајќи дека првата испорака ќе пристигне на 10 февруари во земјата.

Исто така, Ваизи истакна дека е извршена нарачката на 16,8 милиони дози на вакцини развиени во рамки на КОВАКС-системот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın