Hajer M'tırı
10 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
ПАРИЗ (AA) - Најмлаку тројца ученици се повредени кога машко лице во францускиот град Тулуз со автомобил удри во група ученици, јавува Anadolu Agency (AA).
Државниот обвинител Пијер Ивес Кулу на новинарите им рече дека машко лице пред зградата на универзитеот во Благанг, предградие на Тулуз, со автомобил удри во група ученици.
Двајца од тројца ученици во тој момент добија тешки телесни повреди и префрлени се во локална болница.
Според првичните информации, сите тројца ученици се со кинеско потекло.
Полицијата го уапси 28-годишниот напаѓач, кој на полицијата и е познат од претходно, врз основа на помали прекршоци.
Сеуште не е познат мотивот на напаѓачот.