Emel Öz Gözellik
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ЊУЈОРК (AA) - Антониот Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), изјави дека од животна важност е да престане насилството над муслиманите во во Аракан, во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на посетата на Азија, Гутереш во разговор со новинарите рече дека на муслиманите на Аракан е потребно да им се даде правен статус.
Нагласи дека е невозможно да се остане нем на насилството кое се спроведува над тие луѓе, додавајќи дека е потребно да се преземат чекори за да им се овозможи на муслиманите на Аракан да се вратат во своите домови.
Во нападите кои во Аракан ги извршува мјанмарската војска, под изговор за борба против вооружени милитанти, од 25 август страдаа повеќе илјадници луѓе.
Поради тоа што мјанмарската администрација не дозволува влез во спомнатото подрачје, невозможно е да се утврди точната бројка на жртвите.
Во нападите кои прераснаа во етничко чистење запалени се околу 300 села, а во Бангладеш од Аракан пребегнаа повеќе од 600.000 муслимани. Илјадници од нив и понатаму бараат начини како да пребегаат во Бангладеш.