Qays Abu Samra,Zeynep Hilal Karyağdı
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
РАМАЛАХ (АА) - Израелските војници интервенираа за време на протестите на Палестинците во Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Комитетот за национален отпор на Палестина се наведува дека израелските војници употребиле гумени куршуми и солзавец против Палестинците кои учествуваа во протестите во различни области на Западниот Брег, организирани поради „ѕидот на раздвојувањето“ и против изградбата на еврејските населби.
За време на протестот, по повод 13-годишнината, беше одадена чест на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат.
На гумените куршуми и на солзавецот демонстрантите возвратија со камења и со молотови коктели. Кај десетици луѓе солзавецот предизвика задушување.
Поранешниот палестински претседател Јасер Арафат почина на 75-годишна возраст, на 11. ноември 2004 година, во болницата Перси во близина на Париз.
На Западниот Брег живеат околу 400.000 еврејски доселеници и 2,5 милиони Палестинци, додека во Источен Ерусалим живеат 200.000 еврејски доселеници, а повеќе од 300.000 Палестинци.
Поради „ѕидот на раздвојвањето", околу три милиони Палестинци на Западниот Брег не можат да преминат во Источен Ерусалим и во Израел.
Секој петок се организираат протести за време на кои интервенира израелската војска.