Levent Tok,Mohamad Misto,Adham Kako
20 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
ДАМАСК (АА) - Силите на сириската опозиција започнаа жестоки напади врз позициите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во Дамаск и од правец на квартот Џобар влегоа во квартот Кабун, јавува Anadolu Agency (AA).
На тој начин, во Кабун е пробиена опсадата на режимските сили и тоа подрачје е споено со Источна Гута. Во операцијата учествуваа повеќе опозициски групи за пробивање на опсадата на режимските сили.
Опозициските сили зазедоа и стратешки значајни објекти како електрични централи и текстилни фабрики во Џобар. Во појасот меѓу Џобар и Кабун се наоѓа индустриска зона од којашто поголем дел падна под контрола на опозициските сили.
Опозициските сили исто така го зазедоа местото во кое се наоѓа фабриката за телевизори „Сироникс“ и на тој начин го споија Кабун со Источна Гута, две подрачја кои со месеци беа под опсада на режимските сили.