Betül Yürük
02 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролот на Врховниот преговарачки комитет на сириската опозиција Салим ал Муслат, изјави дека на мировните преговори во Женева дошле со цел да се придонесе за ставње крај на болката и страдањето на луѓето во војната во Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
„За нас е исклучително важно да се стави крај на опсадата на земјата, да се ослободат затворениците и да се запрат руските воздушни напади”, рече Ал-Mуслат.
Ал Mуслат по состанокот, за новинарите изјави дека Русија, со исклучок на сирискиот режим, целиот сириски народ го смета за терористи.
Де Мистура истакна дека денешната средба со сириската опозиција претставува почеток на официјалните разговори со претставниците на опозицијата од земјата погодена со војна.
Опозицијата претходно постави услов дека ќе учествува во мировните преговори во Женева доколку се стави крај на окупацијата на градовите во Сирија, се ослободат затворениците, се испрати хуманитарна помош за цивилите и се прекинат руските воздушни напади.
Главната точка на преговорите во Женева треба да биде на имплементацијата на овој план за политичко решение на кризата во Сирија, кој беше усвоен на 14-ти ноември во Виена, а кој го содржи и Резолуцијата на Советот за безбедност, која беше усвоена на 18-ти декември минатата година. Ова решение предвидува дека на преговорите ќе им се стави крај и дека ќе се воспостави преодна влада за период од шест месеци.
Војната во Сирија започна во март 2011 година, а досега го животот го загубија околу 250.000 луѓе, а 4,5 милиони луѓе се протерани.
Првите обиди за мировни преговори се одржаа на 30-ти јуни 2012 година во Женева, но тогаш усвоената Женевска декларација не се спроведе.
Втората рунда мировни преговори во Женева се одржа на 22-ри јануари 2014 година, но и тогаш не се постигна целта, воспоставувањето мир во Сирија.