Selen Temizer
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
АНКАРА (AA) - Преговарачкиот тим на сириската опозиција соопшти дека ќе им се придружи на преговорите кои со посредство на Обединетите нации ќе се одржат во Женева на 14 март, јавува Аnadolu Agency (AA).
Високата преговарачка комисија на сириската опозиција во соопштението истакна дека преговорите во Женева ќе бидат без предуслови.
Првите преговори за решавање на сириската криза започнаа кон крајот на јануари 2016 година, но се суспендирани на 3 февруари. Спогодбата за прекин на огнот во Сирија, стапи на сила на 27 февруари на полноќ.
Оваа спогодба не се однесува на борбата против терористичките организации на тој простор. Прекинот на огнот во Сирија е последен во низата на дипломатски напори да се заврши граѓанската војна во Сирија која трае пет години. Војната во Сирија започна на пролет 2011 година, кога дојде до судир помеѓу режимските сили на претседателот Башар ал-Асад и бунтовниците кои сакаа да го симнат од власт.
Според последните податоци кои ОН ги објавија пред неколку месеци, војната во Сирија до сега однесе повеќе од 250.000 животи.