свет

ФБИ спречи напад на еврејски центар од белец-супремацист

Рердон бил приведен откако на својот профил на Инстаграм објавил видео како стрела од огнено оружје под наслов: „Полицијата го идентификуваше напаѓачот на Еврејската заедница во Јангстаун...“

Vakkas Doğantekin  | 19.08.2019 - Обновена : 21.08.2019
ФБИ спречи напад на еврејски центар од белец-супремацист

АНКАРА (АА) - Американското Федерално истражно биро ФБИ соопшти дека агенциите за спроведување на законот спречиле потенцијален терористички напад од белец-супремацист врз Центарот на еврејската заедница со апсењето на 20-годишен маж од Охајо, кој го објавил својот наводен план на социјалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Откако беше известено од полицијата во Охајо, ФБИ спроведе истрага и изврши рација во петокот во куќата на Џејмс Рердон Јуниор, каде што пронајде арсенал огнено оружје“, се вели во соопштението на ФБИ.

„Ова се смета за тековна истрага, понатамошни детали не можат да се дадат во овој момент“, се додава.

Рердон бил приведен откако на својот профил на Инстаграм објавил видео како стрела од огнено оружје под наслов: „Полицијата го идентификуваше напаѓачот на Еврејската заедница во Јангстаун, Симус О’Рердон, белец-националист“.

Симус на шкотско-гелски јазик значи Џејмс.

Рердон е задржан во затворот во округот Махонинг во Охајо, а денес треба да се појави пред Окружниот суд.

Еврејската заедница во САД ги поздрави напорите за нејзина заштита од белиот национализам и насилниот екстремизам.

ФБИ објави извештај во мај, откривајќи значителен пораст на случаите на терор извршен од страна на белите супремацисти.

„Бирото во 2017 година уапси 150 лица под обвиненија за домашен тероризам, 120 во 2018 година, а е на пат да ги надмине тие бројки до крајот на месец септември“, изјави анонимен официјален претставник за борба против тероризмот за „Си-ен-ен“ (CNN).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın