Mustafa Deveci
19 Август 2019•Ажурирај: 20 Август 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за енергетика, Јувал Штајниц, рече дека се подготвуваат за голема воена офанзива во Појасот Газа, кој е под блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Штајниц за Израелското радио ги оцени најновите случувања во регионот.
Признавајќи дека Израел извршил голем број отворени и тајни напади врз ирански цели во Сирија, Штајниц нагласи: „Подготвуваме голема операција во Газа, но имаме уште еден фронт, а тоа е да го спречиме Иран да пушти корен во Сирија.“
Појасот Газа во 2008, 2012 и 2014 година беше цел на три големи напади на Израелската армија. При тие напади загинаа 3.700 лица, повеќето од нив цивили.