Gülşen Topçu
18 Декември 2019•Ажурирај: 19 Декември 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Воените и цивилните формации во градот Џаду, јужно од Триполи, Либија, соопштија дека се подготвени да го одбранат главниот град од силите за пуч на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заедничкото писмено соопштение на Градскиот совет на Џаду, Военото собрание, полицијата и невладините организации, беше објавено на фејсбук-страницата на операцијата „Буркан ал Гадаб“ поврзана со Владата за национално единство (UMH).
„Во согласност со принципите на револуцијата од февруари 2011 година, од 4 април ние сме во состојба на општа мобилизација“, се истакнува во соопштението.
Исто така во соопштението се наведува дека се подготвени за одбрана на Триполи за да биде Либија исчистена од силите на пучот.
Лидерот на воените сили од источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, на 4 април нареди заземање на Триполи, по што силите на Владата за национално единство на Либија ја започнаа операцијата „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот).
Генералот пучист Калифа Хафтар на 12 декември нареди нов напад на Триполи под името „Одлучувачка војна“. По наредбата на Хафтар, во 7 града во западниот дел на земјата беше прогласена мобилизација, на чело со градот Мисрата.