АНКАРА
- Тефик ДУРУЛ
Од лицата што мигрирале со цел подобри примања, подобро образование, кариера и загриженост за сопствената безбедност, 272 милиони минатата година во сопствените земји испратиле 689 милијарди долари.
Обединетите нации (ОН) секоја година организираат најразлични активности по повод 18 декември - Меѓународниот ден на мигрантите.
Новинарот на Агенција Анадолија (АА), анализирајќи ги податоците објавени од страна на Меѓународната организација за миграции (IOM), која е дел од ОН, дојде до податокот дека во светот има 272 милиони мигранти.

Статистички гледано по години, бројот на мигранти кој во 2000 година изнесувал 172 милиони, во 2005 година изнесува 191 милион, во 2010 година тој број изнесува 222 милиони, во 2015 година во светот имало 244 милиони, во 2017 година бројот на мигранти изнесува 258 милиони, за во 2019 година тој број да достигне 272 милиони.
Процентот на мигранти според бројот на светската популација во 1990 година изнесува 2,9%, а во 2019 година тој процент изнесува 3,5. Овој сооднос значи дека во светот, кој во моментов брои популација од 7,5 милијарди луѓе, на секои 28 лица, едно лице е мигрант.
Во светот на мигрантите во кој 47,9% се жени, 74,3% се на возраст од 20 до 65 години, 13,9% се на возраст од 19 години и помали, додека 11,8% се лица на возраст од 65 години и повеќе.
- Повеќето од половината мигранти се во Европа и Северна Америка
Од вкупниот број мигранти, 141 милион живеат во Европа и Северна Америка. Соединетите Американски Држави (САД) со 50,7 милиони мигранти се наоѓаат на врвот од листата земји со најголем број мигранти, по која следуваат Германија и Саудиска Арабија (со 13,1 милион), Русија (11,6 милиони) и Велика Британија (9,6 милиони).
Индија со 17,5 милиони се наоѓа на врвот од листата според бројот на мигранти. Следуваат Мексико со 11,8 милиони, Кина со 10,7 милиони и Русија со 10,5 милиони мигранти. Сирија, која од 2011 досега се наоѓа во граѓанска војна, со 8,4 милиони е петта земја според бројот на мигранти.
Од лицата што мигрирале поради подобри примања, подобро образование, кариера и загриженост за сопствената безбедност, 272 милиони минатата година во сопствените земји испратиле 689 милијарди долари.
Според бројот на мигранти што живееле во странство во 2018 година, најголем прилив на средства во матичните земји е пристигнат во Индија (78,6 милијарди долари), Кина (67,4 милијарди долари), Мексико (35,7 милијарди долари) и Филипини (34 милијарди долари).
- Кина и Индија се земји кои испратиле најголем број студенти
Во 2000 година бројот на меѓународни студенти изнесуваше 2 милиони. Тој броj во 2011 година достигна 3,96 милиони, а во 2016 се искачи на 4,85 милиони студенти.
Повеќето од половината студенти кои поради образование ги напуштиле своите матични земји, како земји во кои го продолжиле своето образование ги избираат САД, Британија, Австралија, Франција, Германија и Русија.
Кина е земја која испраќа најголем број студенти во светот. Следуваат Индија, Германија, Јужна Кореја, Нигерија, Франција и Саудиска Арабија.
- Договор за глобални миграции
Во мароканскиот град Маракеш од 10 до 11 декември 2018 година се одржа Меѓународна конференција на која 164 земји го потпишаа Глобалниот договор за миграции на ОН кој беше усвоен со мнозинство гласови.
Глобалниот договор за миграции е подготвен со цел да се регулираат меѓународните миграции и има за цел да подготви заедничка основа за темите како што се легалната миграција, правата на мигранти и борбата против трговијата со луѓе.
Договорот опфаќа повеќе теми - првенствено тука спаѓаат сочувувањето на човековите права и националниот суверенитет, како и помош за земјите во нивното справување со миграциите и интеграцијата на мигрантите во заедницата.
Со меѓународната соработка меѓу земјите, земајќи ги предвид суверените права на земјите, се планира со договорот во кој се набројуваат 23 цели, миграциите да се доведат во легална, правна форма.
На светско ниво, покрај САД, Австралија, Чиле и Бразил, поради прекршување на „суверенитетот“, уште осум земји од Европската Унија (ЕУ) не го потпишаа споменатиот договор.