Davit Kachkachishvili
11 Декември 2022•Ажурирај: 12 Декември 2022
КИЕВ (АА) - Украинците тврдат дека повеќе од 200 руски војници загинале за време на нападот на украинската војска врз воената база во градот Мелитопол во Запорошката Област која Русија нелегално ја анектира, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, преку Телеграм објави дека украинските сили извршиле напад на воен пункт на подрачјето на Мелитопол, кое е под контрола на руските сили.
Федоров рече дека во синоќешниот напад загинале над 200 руски војници.