свет

Украина: Зеленски го одобри Законот со кој се дозволува Армијата да повикува резервни трупи „во исклучителни времиња“

- Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, го одобри Законот со кој се дозволува Армијата да повикува резервни трупи „во исклучителни периоди“, без да прогласи мобилизација

Talha Yavuz  | 21.04.2021 - Обновена : 22.04.2021
Украина: Зеленски го одобри Законот со кој се дозволува Армијата да повикува резервни трупи „во исклучителни времиња“

КИЕВ 

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, го одобри Законот со кој се дозволува Армијата да повикува резервни трупи „во исклучителни периоди“, без да прогласи мобилизација, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави Претседателството на Украина се вели дека претседателот Зеленски го одобрил споменатиот закон.

Во соопштението се наведува дека според Законот, Украинската армија ќе може да регрутира војници со воено искуство „во исклучителни периоди“, без да прогласи мобилизација.

Покрај тоа, благодарение на овој закон, резервните војници ќе можат брзо да ѝ се приклучат на Армијата и во случај на напад, таа би го зголемила својот борбен капацитет.

За овој закон гласаа 256 пратеници од вкупно 450 во украинскиот Парламент на 30 март.


- Напнатост на украинско-руската граница

Во својот говор пред Парламентот на 30 март, украинскиот началник на Генералштабот, Руслан Хомчак, соопшти дека Руските вооружени сили испратиле трупи на границите на Украина под изговор дека ќе бидат реализирани воени вежби.

Во врска со решавањето на кризата во регионот Донбас, Трилатералната контакт-група, составена од Русија, Украина и ОБСЕ, донесе сеопфатна одлука за прекин на огнот заклучно со 27 јули 2020 година.

Од 2014 година досега, над 13.000 луѓе ги загубија животите во судирите меѓу администрацијата на Киев и проруските сепаратисти, кои прогласија таканаречена независност во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.