Şeyma Uzundere
21 Април 2021•Ажурирај: 21 Април 2021
АНКАРА
Продолжуваат спасувачките операции за пронаоѓање на исчезнатите 9 лица од карго бродот „LCT Cebu Great Ocean“, кој беше одвлечкан од тајфун и насукан на јужниот дел на Филипини, при што животот го загубија 4 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Спасувачките екипи успеале да спасат 7 лица кои живи се извлекле од бродот кој тонел.
На бродот со вкупен персонал од 20 лица биле натоварени руда на никел и околу 2.000 тони дизел гориво.
Членовите на екипажот што успеале да се спасат од несреќата, ја информирале филипинската крајбрежна стража дека го напуштиле бродот кој се навалил настрана под влијание на тајфун и почнал да тоне.
Екипите на крајбрежната стража информираа дека напуштениот брод е пронајден на 20 април насукан во областа Суригао дел Норте, околу 60 километри од местото каде што бил укотвен.