свет

Организацијата за забрана на хемиско оружје ги суспендира правата на сирискиот режим на Башар ал Асад

Организацијата за забрана на хемиско оружје утврди дека режимот користел хемиско оружје во Ал Латамина во март 2017 година и во Саракиб во февруари 2018 година.

Selman Aksünger  | 21.04.2021 - Обновена : 21.04.2021
Организацијата за забрана на хемиско оружје ги суспендира правата на сирискиот режим на Башар ал Асад

ХАГ

Земјите членки на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) гласаа за суспензија на правата и привилегиите на сирискиот режимот на Башар ал Асад, вклучувајќи го правото за гласање во Организацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Организацијата за забрана на хемиско оружје утврди дека режимот користел хемиско оружје во Ал Латамина во март 2017 година и во Саракиб во февруари 2018 година.

Делегацијата на Велика Британија до Организацијата за забрана на хемиско оружје на Твитер соопшти дека одлуката за Сирија е одобрена со 87 гласа „за“ на 25. седница на Конференцијата на државите членки.

„Сега е на Сирија да се врати на согласноста. Витален чекор за одржување на кредибилитетот на Конвенцијата за хемиско оружје“, додаде делегацијата.

Делегации од Швајцарија, Холандија, Канада, Франција, Чешка, Естонија, Словенија исто така дадоа изјави на Твитер кои ја поддржуваат одлуката.

Одлуката се издвојува како најтешката санкција што Oрганизацијата некогаш ја изрече на земја членка.

Oрганизацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) е тело за спроведување на Конвенцијата за хемиско оружје, кое со 193 земји членки ги надгледува глобалните напори трајно да се искорени хемиското оружје.

Употребата на хемиско оружје од страна на режимот на Асад претходно беше потврдена од истражителите на ОН, како и од Организацијата.

Употребата на режимот на хлор како хемиско оружје претставува кршење на неговите обврски согласно OPCW, како и на Резолуцијата 2118 на Советот за безбедност на ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.