Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
21 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
ИДЛИБ
Светската здравствена организација (СЗО) испрати 53.800 дози на вакцина против коронавирусот во областа Идлиб, на северозападниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вакцините кои се пратени во рамките на механизмот Ковакс пристигнаа во Идлиб, каде се предадени на екипите на Здравствената управа.
Се истакнува дека на 1 мај ќе започне вакцинацијата на здравствените работници, хронично болните луѓе и лицата постари од 60 години.
Во Идлиб, чиј здравствен систем пропадна поради граѓанската војна во Сирија, до сега од последиците на вирусот починаа 237 лица.
Присуство на коронавирус е потврдено кај 21.694 лица, од кои 19.000 се опоравија.