Ekip
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
КАРАЧИ (АА) - Полицијата во Бангкок го уапси главниот осомничен за пожарот во фабриката во Пакистан во кој загинаа повеќе од 250 луѓе во 2012 година, потврдија официјални лица и семејството на уапсениот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Абдул Рехман Бхола (46), активист на движењето Мутехида, главната опозициска партија со упориште во Карачи, беше уапсен во полициската рација во еден хотел, јави тајландскиот весник на англиски јазик „ Бангког пост", а кој се повика на високи официјални претставници на полицијата и Интерпол.
Осомничениот долго време беше следен од Интерпол Бангкок врз основа на пакисстанскиот налог за апсење.
Сопругата на Бхола, Самина Бано, за новинарите во Карачи изјави дека нејзиниот сопруг бил во бегство, неколку месеци по „совет" на раководството на партијата.
Полициската истрага минатата година покажа дека најголемата индустриска катастрофа во земјата не е случајна туку планиран акт на саботажа и тероризам, бидејќи сопствениците на фабриката одбија да платат изнуден надомест кој го бараа осомничениот и неговите соработници.
Според обвинението, Бхола и другите осомничени работеле под раководство на Хамад Сидикуиј, тогашниот претседател на Организацискиот комитет на МКМ.
Партијата во моментов е поделена во четири групи по натпакистанскиот говор на основачот Алтаф Хусеин,, кој е во егзил во Лондон од 1992 година.