Ekip
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските власти ја потврдија смртта на 21 рудар кои беа заробени четири дена по експлозијата во нелиценциран рудник за јаглен, додека пак четири лица се уапсени во врска со несреќата во рудникот, пренесува Anadolu Agency (АА).
Меѓу четири уапсени лица, како што е соопштува новинска агенција Ксинхуа, се наоѓа и сопственикот на рудникот и тројца менаџери, соопшти тимот за спасување.
Еден рудар се уште се води за исчезнат во градот Qitaihe во Североисточна Кина, додека другите тела беа извлечени од урнатините во петокот вечерта.
Кина е најголемиот производител и корисник на јаглен во светот, а властите во земјата се обидуваат да ги затворат нелиценцираните рудници, со цел да се зголеми нивото на безбедност на рударите.
Сè уште не е утврдена причината за експлозијата во споменатиот рудник, но ваквите инциденти обично се јавуваат кога гасовите кои се создаваат во рудникот доаѓаат во контакт со отворен оган.