Ekip
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
МАДРИД (АА) - Поморската спасувачка служба на Шпанија, објави дека нејзините бродови спасија 72 имигранти, кои се наоѓале во три чамци обидувајќи се да го преминат Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Се додава дека едниот брод на служби за спасување кај Гибралтар собрал десет мигранти. После тоа, во втората операција спасил уште 53 мигранти од друг чамец, а потоа во уште една операција спасил уште девет мигранти од третиот чамец.
Според податоците на Меѓународната организација за миграции, во Шпанија преку Средоземното Море од 2015 година дошле 3.850 емигранти. Останатите мигранти бараат азил во Шпанија преку нејзините енклава во Северна Африка, островот Сеута и Мелила.