Barış Gündoğan
20 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа четворица терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК/ЈПГ кои биле во обид да се инфилтрираат во зоната каде што беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во ова соопштение се нагласува дека како резултат на успешната операција на турските сили, неутрализирани се четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои биле во обид да се инфилтрираат во зоната каде што беше реализирана операцијата „Извор на мирот“.
Во соопштението се нагласува дека операциите ќе продолжат без прекин.