Sayed Khodaiberdi Sadat
20 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
КАБУЛ (АА) - Повеќе од 20 припадници на безбедносните сили загинаа во вооружен напад на талибанските милитанти во провинцијата Забул во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Гувернерството на Забул, Ѓул Ислам Сијал, во изјава за АА рече дека 6 милитанти кои се инфилтрирале меѓу безбедносните сили извршиле вооружен напад врз полициската станица во провинцијата Забул.
Сијал, истакнувајќи дека безбедносните сили имаат големи загуби во нападот, рече дека сѐ уште не се знае точната бројка на загинати.
Од друга страна, Ата Кан Хакбајан, претседателот на провинцискиот совет, изјави дека во нападот загинале повеќе од 20 члена на безбедносните сили.
Хакбајан истакна дека напаѓачите го зеле оружјето од полициската станица и избегале од областа.
Од Талибанците сѐ уште нема информација во врска со настанот.