Serdar Bıtmez,Mehmet Nuri Uçar
20 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
РИЈАД (АА) - Кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазис, истакна дека неговата земја поминува низ тежок период поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), и дека на глобално ниво, наредниот период ќе биде уште потежок, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Поминуваме низ тежок период во борбата против коронавирусот. Фазата на брзо ширење на оваа епидемија на глобално ниво ќе биде уште потешка. Но, веруваме дека ќе помине и овој период, покрај тешкотиите и болката“, рече кралот Салман во своето обраќање објавено на телевизискиот канал „Ел Ихбарије“, со седиште во Саудиска Арабија.
Кралот Салман нагласи дека се поминува низ тежок период во светската историја, и дека неговата земја продолжува со преземање на сите мерки против Ковид-19.
Тој со пофалби зборуваше за соработката на саудискиот народ со надлежните институции во оваа насока.
Инаку, во земјата се потврдени 274 заразени со Ковид-19.