Bayram Altuğ
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, истакна дека 70 отсто од земјите имаат национален план за подготовка и интервенција во врска со новиот вид коронавирус (Ковид-19), а 89 отсто од земјите имаат капацитет за лабораториско тестирање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гебрејесус во седиштето на СЗО во швајцарскиот град Женева ги информира шефовите на дипломатските мисии во врска со глобалната борба против Ковид-19.
„Ќе почнам со една добра вест. Над 70 отсто од земјите имаат национален план за подготовка и интервенција во врска со Ковид-19; додека 89 отсто од земјите имаат капацитет за лабораториско тестирање; над 70 отсто од земјите имаат систем за следење врз основа на настани во врска со Ковид-19; и 68 отсто од земјите имаат мултисекторски заеднички координативен механизам. Сигурно дека тоа не е доволно, но очекуваме сите земји да бидат подготвени, било да имаат откриени случаи или не“, рече Гебрејесус.
Тој нагласи дека само половина од земјите имаат национална програма за спречување и контролирање на инфекции, упатувајќи порака дека тоа е недоволно.