Hasan Hüseyin Köşger
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на луѓе кои го загубија животот поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот е над 10 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Веб-страницата „Worldometer“, која евидентира податоци за нови случаи на Ковид-19 во земјите и регионите, го ажурираше бројот на луѓе кои ги загубија своите животи поради коронавирусот, кој изнесува 10.488 низ целиот свет.
Според податоците на веб-страницата, земјата со најголема загуба на животи поради новиот вид коронавирус е Италија, каде што починаа 3.405 луѓе.
На второ место е Кина, земја каде што се појави епидемијата Ковид-19, и во која животот го загубија 3.248 лица.
Во Иран, која е трета земја со најголем број смртни случаи, како резултат на новиот вид епидемија на коронавирус, животот го загубија 1.284 лица.