Necat Hazar,Yılmaz Kazandıoğlu,Sayim Harmancı
18 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
ВАН/ХАКЌАРИ
Турските безбедносни сили со одлучност ја продолжуваат борбата против наркотици во областите Ван и Хакќари, додека во текот на 2020 година запленија 11 тони наркотици, 1 милион и 560 илјади корени канабис и 5 тони киселински анхидрид, со што е им дозволија на шверцерите на наркотици да земаат здив, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на полицијата и жандармеријата ја држат под контрола границите со Иран и Ирак, како и извршуваат успешни операции во центарот на градовите, додека во голема мера го спречија транспортот на наркотици преку Хакќари и Ван кон градовите во западниот дел на Турција.
Со намалувањето на терористичките настани, безбедносните сили, се фокусираа на борбата против дрогата, со тоа не дозволија дрогата да се носи во западните провинции, а оттаму во европските земји.
Безбедносните сили, благодарение на кучињата детектори за наркотици ја нарушија играта на шверцерите со дрога и покрај нивните методи што се користат за спречување на познавање на мирисот. Со тоа зададен е силен удар на најголемиот финансиски ресурс на терористичката организација.
Последниве години во Турција во областа Ван е запленета најголема количина на дрога. Безбедносните сили во операциите извршени во 2020 година запленија 5 тони 622 килограми хероин, 738 килограми синтетички дроги, 1 тон 281 килограми марихуана и 1 милион 560 илјади корени канабис.
Од 1735 осомничени за кого е отворена постапка уапсени се 342 лица.
Безбедносните сили, кои минатата година изведоа многу важни операции во Хакќари, запленија 2,5 тони хероин, 500 килограми канабис и 5 тони киселински анхидрид.
Жандармеријата и полициските единици, кои и оваа година продолжуваат да се борат против дрогата, од почетокот на годинава запленија 130 килограми дрога во Ван и 350 килограми во Хакари.
- „Нашите безбедносни сили работат со големи напори на границата со Иран и Ирак“
Гувернерот на Хакари, Идрис Акбијик за дописникот на АА изјави дека градот во 2020 година го доживувал нај мирниот и нај безбедниот период.
Наведувајќи дека безбедносните сили извршиле успешни операции против терористичката организација ПКК, Акбијик рече дека со решеност се водела борба и против трговијата со дрога.
Нагласувајќи дека мината година полициските екипи и жандармеријата достигнале највисоки бројки во историјата на градот во количина на запленета дрога, Акбијик рече:
„Запленетата количина на хероин достигна 2,5 тони. Тоа е збир од последните неколку години. Нашите полиција и жандармеријата работат со големи напори на границата со Иран и Ирак. Стигнавме до овие стапки со големи напори. Целта ние да го спречиме труењето на нашиот народ. Запленети се 5 тони киселински анхидрид и од тоа се произведува хероин. Тероризмот и дрогата се меѓусебно поврзани. Со завршувањето на тероризмот се надевам дека сите средства на државата, нашата полиција, нашата жандармерија и нашите војници ќе ги спречиме и активностите поврзани со дрогата“
„Балканската рута е најпосакувана заради краткото растојание“
Мухсин Думлупинар, заменик -директорот на одделот за борба против наркотици во Ван, истакна дека работат дење и ноќе за да ја спречат продажбата и транспортот на дрога.
Посочувајќи дека во последните години во градот е запленета значителна количина на дрога, Думлупинар рече:
„Ван има долга гранична линија со Иран. Во Авганистан широко е распространетото производство на афион, кој е суровина на хероин. Се обидуваат од границата на Иран нелегално да се пренесат во нашата земја и на европскиот пазар. Тоа е позната како ‘Балканска рута‘. Со поддршка на одделот за борба против наркотици спроведуваме одлучна борба за овие прашања. Во Ван во последните 4 години се запленети просечно 5-6 тони на дрога. Покрај Балканската рута има северна и јужна рута, но бидејќи растојанието е пократко се претпочитува да се пренесува од нашата земја.“
- „40 проценти од дрогата се запленува во Ван“
Нагласувајќи дека наркотичните тимови во Ван, кој се наоѓа на транзитната рута, со големи напори не дозволуваат да минува дрогата, Дамлупинар рече дека во последните години заплениле дрога во рекордни количини.
Наведувајќи дека минатата година заплениле 4 тони 311 килограм хероин, 377 килограми синтетички дроги, Думлупинар додаде:
„40 проценти од дрогата која се запленува во Турција од полициските сили е запленета во Ван. Покажуваме максимални напори во поглед на заштитата на младите луѓе кои се нашата иднина, како и заштита на здравјето на заедницата. Успехот е очигледен. Додека ние ја водиме оваа борба, шверцерите пробаат нови методи за пренесување на дрогата. Полициските кучиња со чувствителен нос за пребарување на наркотици се наши најголеми асистенти во операциите. Тие имаат голем удел во нашите успеси. Тие ќе продолжат да пробаат различни методи, но ние ќе ја продолжиме нашата борба со истата решителност.“
- „Секој запленет грам хероин е удар врз теророт“
Фатих Дортдоган, заменик -директорот на одделот за борба против наркотици во Хакари истакна дека во текот на минатата година постигнале значителен успех во споредба со минатите години и со запленување на дрогата и со приведување на сомнителните лица.
Посетувајќи дека во градот се наоѓа на границата со Ирак и Иран, Дортдоган нагласи:
„Во овој регион, каде што дрогата и тероризмот се испреплетени, секој удар врз дрогата го погодува и тероризмот. Трговците со отров се обидуваат да го искористат секој метод. Имаме технологија, опрема и работна сила за да ги пронајдеме нивните методи. Оваа работа не ја гледаме само како борба против дрогата. Овие успеси ги постигнавме со големи напори на едниците за разузнавање и контра тероризам. Најголемиот финансиски извор на тероризам е дрогата. Секој запленет грам хероин е удар врз теророт. Нашите колеги работат со таа свест. Сите деца во светот ги гледаме како да се наши деца, работиме со таа свест.“
Претходната година беа запленети 728 килограми хероин, оваа година оваа бројка се зголеми на 1 тон 553 килограми. Хакќари со години беше запаметен со тероризам и дрога. Но, по успешната борба во последниве години, нашите деца и народот безбедно и мирно го продолжуваат својот живот. Во Хакќари веќе владее атмосфера на мир и безбедност благодарени не ударот врз терористичката организација ПКК низ целата земја и особено во Хакќари.