Mümin Altaş
22 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
АНКАРА
Тројца членови на терористичката организацијата ПКК, кои вршеле разузнавачки и финансиски активности се неутрализирани при операцијата на Националната разузнавачка служба (МИТ) во регионот Метина во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, МИТ стигнал до информации дека припадниците на организацијата ПКК што вршат разузнавачките и финансиските активности ќе одржат таен состанок.
Со операцијата што денеска ја спроведе МИТ во регионот Метина во Ирак, неутрализирани се тројца припадници на терористичката организација ПКК.