Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
образование

Со донација на Халкбанка реновирана и модернизирана Читалната на Економскиот факултет во Скопје

- Директорот на Халкбанка, д-р Фатих Шахбаз, истакна дека донацијата е дел од определбата на банката за поддршка на младите и нивниот професионален развој
Elena Trenchevska Chekovikj
07 Октомври 2026•Ажурирано: 07 Октомври 2026
Content media
photo: Халкбанка / AA
СКОПЈЕ

СКОПЈЕ (АА) – Денес на Економскиот факултет во Скопје свечено е пуштена во употреба „Халк Читална“, која е реновирана со помош на донација на Халкбанк АД Скопје, јавува Анадолу.

Со донацијата од околу 30.000 евра извршени се инфраструктурни подобрувања, меѓу кои целосна замена и поставување нови енергетски ефикасни прозорци и нови теписони, со цел создавање попријатни и пофункционални услови за учење и истражување на студентите.

На свеченоста присуствуваа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Мијалче Санта, професори, претставници на Халкбанк и студенти.

Деканот Санта истакна дека читалната е еден од најважните простори на факултетот и дека подобрувањето на условите за учење покажува колку институцијата ги цени студентите.

Ректорката Ангелова оцени дека обновената читална претставува инвестиција во знаењето, академската средина и студентите, нагласувајќи ја важноста од соработката меѓу Универзитетот и општествено одговорниот бизнис-сектор.

Директорот на Халкбанка, д-р Фатих Шахбаз, истакна дека донацијата е дел од определбата на банката за поддршка на младите и нивниот професионален развој. Тој ја истакна и повеќегодишната соработка со Економскиот факултет преку студентски практики, професионален развој и можности за кариера.

Реновираната и модернизирана „Халк Читална“ ќе продолжи да се користи како простор за учење и истражување, но и за развој на нови идеи и професионални контакти на студентите.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription

contact_the_ombudsman

is_there_an_error_in_this_story

ombudsman_apply_button
Претходно
Претходно
Поради протестите нарушен наставниот процес во 1.800 средни училишта низ Франција

Поради протестите нарушен наставниот процес во 1.800 средни училишта низ Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јустина Широка-Пуља официјално ја презеде функцијата претседателка на Република Косово

Сиљановска-Давкова ѝ честиташе на Широка-Пуља за изборот за претседателка на Косово

Заменик-шефот на турската дипломатија: „Хоризонталниот механизам“ е одлична алатка за соработка со соседите и со ЕУ

Северна Македонија и Косово ја нагласија потребата од посилна институционална соработка во земјоделството

Три години геноцид во Газа: Израелските напади го оставија здравствениот систем во урнатини

Кремљ: Европската одбранбена политика насочена против Русија е „безизлезна ситуација“

Напад со нож во училиште во Полска, најмалку осум лица повредени

Погледни сè