Ahmet Sait Akçay
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турската фондација Дијанет денес постави 1000 шатори за сириските бегалци во северен Идлиб, откако тие избегаа од насилството во нивниот роден град Хама, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегалците велат дека биле принудени да бегаат од своите домови по низата интензивните воздушни напади.
Според сирискиот координатор на Фондацијата Дијанет, Махмут Темели, околу 27 000 бегалци во моментот живеат во шаторски кампови во градовите Бабиска, Ал Хасан и Даркуш.
„На семејствата кои ја напуштија Хама им е потребно итно сместување. Постојат семејства кои живеат со својот добиток, некои престојуваат на улиците, а некои спијат на отворено поле. Децата умираат од студеното време“, истакна Темели.
Тој изјави дека фондацијата Дијанет на бегалците исто така им обезбедила храна, зимска облека, апарати за греење, ќебиња и друго.
Тој додаде дека во шаторските кампови исто така се обезбедени и здравствени услуги.
Сирија е зафатена од жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост врз учесниците на продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, во Сирија се убиени над 250.000 лица, а над 10 милиони лица се раселени.