Betül Yürük
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Поројните врнежи од дожд во американската сојузна држава Калифорнија предизвикаа поплави и свлечишта, во кои животот го загубија 17 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Зголемен е интензитетот на спасувачките акции во јужниот дел на државата по поројните врнежи од дожд, кои предизвикаа поплави од кал.
Окружниот шериф на подрачјето Санта Барбара, Бил Браун, изјави дека бројот на загинати во поплавите се искачил на 17 лица, а 28 се повредени.
Браун додаде дека 13 лица се водат за исчезнати.
Од друга страна, повеќе од 100 куќи во подрачјето се срушени и затрупани од поплавите од кал, додека над 300 куќи се оштетени во населбата Монтесито во која живеат познати личности, меѓу кои и американската водителка Опра Винфри.