İsmet Karakaş
29 Април 2024•Ажурирај: 01 Мај 2024
АНКАРА (АА) – Националната разузнавачка служба на Република Туркије (МИТ) неутрализираше најмалку 15 терористи на ПКК во изминатите седум дена во северниот дел на Ирак, јавува Анадолу.
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ открила терористичка организација што подготвувала терористичка акција против единиците на турските вооружени сили и на граничните премини.
Врз основа на овие податоци, спроведена е антитерористичка операција во која во изминатите седум дена во северниот ирачки регион Хакурк беа неутрализирани најмалку 15 терористи, меѓу кои и неколку водечки елементи на терористичката организација ПКК.