Туристички хеликоптер со 3 патници исчезна во близина на вулканот Асо во југозападна Јапонија
Според операторот, хеликоптерот бил на својот трет лет за разгледување во денот кога исчезнал и не биле пријавени никакви проблеми за време на првите два лета
ИСТАНБУЛ (АА) - Хеликоптер исчезна денес во близина на врвот на вулканот Асо во југозападната јапонска префектура Кумамото, објави „Кјодо њуз“, повикувајќи се на локалните власти и блискиот туристички објект, пренесува Анадолу.
Се верува дека во хеликоптерот што полетал од зоолошката градина „Асо Кадли Доминион“ се наоѓале три лица, двајца патници од Тајван и еден пилот.
Според операторот, хеликоптерот бил на својот трет лет за разгледување во денот кога исчезнал и не биле пријавени никакви проблеми за време на првите два лета.
Мобилизирани се спасувачки екипи за пребарување на областа, иако деталите за состојбата на хеликоптерот или точната локација се непознати.
Асо е активен вулкан и популарна туристичка дестинација во Јапонија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
