Yusuf Özcan
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Три лица го загубија животот во снежна лавина на француските Алпи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од административната управа на Савоја се наведува дека во утринските часови се урнала лавина во регионот Бонвал сир Арк, на надморска височина од 3.000 метри, при што загинале три лица.
Според соопштението, спасувачките операции сѐ уште траат поради тоа што можно е да има уште едно лице заробено во лавината.
Од почетокот на скијачката сезона на Алпите и Пиринеите се урнале вкупно 14 лавини, во коишто животот го загубиле вкупно седум лица.
Минатата сезона беше затворена со 45 случаи на лавина, во коишто загинаа 21 лице.