Bedrudin Brlyavac
09 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
МОСКВА (АА) - На Црвениот плоштад во Москва, денес со традиционална воена парада Русите го одбележаа Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).
На парадата присуствуваше и претседателот на Русија, Владимир Путин, голем број руски официјални лица и граѓани.
Со воена парада оваа година се одбележува 72-та годишнина од крајот на Втората светска војна.
Ширум Европа денес се одбележува 9 мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, со кој се одбележува крајот на Втората светска војна во Европа и почетокот на развојот на Европската Унија (ЕУ).
Во земјите на ЕУ, особено значење му се придава на Денот на Европа, додека во Русија во фокус е прославувањето на Денот на победата во Втората светска војна.