Ahmet Sertan Usul
21 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Началниците на Генералштабот на вооружените сили на Турција, Русија и Иран во Сочи разговараа за безбедносните прашања во Сирија, соработката во рамките на борбата против терористичките организации и зоните без судир во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот присуствуваа началникот на Генералштабот на турската војска, Хулуси Акар, началникот на Генералштабот на руската војска, Валериј Герасимов и началникот на Генералштабот на иранските сили Мухамед Багери.
Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција се наведува дека Акар одржал билатерални состаноци, по кое е одржан и заеднички состанок на тројцата воени челници.
Началниците на Вооружените сили на трите земји воглавно разговараа за случувањата во Сирија и соработката на нивните земји.