Betül Yürük
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, ја предложи Ејми Кони Барет, судијката на 7-миот Апелационен суд, за кандидат за судија во Врховниот суд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трамп на прес-конференција во Белата куќа го соопшти името на судијката што ќе дојде на местото на починатата судијка Рут Бајдер Гинсбург.
„Барет е жена со неспоредливи достигнувања, висока интелигенција, одлична компетентност и лојалност кон Уставот“, рече Трамп.
Барет, која во Белата куќа беше заедно со нејзиното семејство, рече дека ѝ е чест да биде кандидат за судија на Врховниот суд.
„Судијата треба да ги применува законите како што се напишани. Судиите не се креатори на политики и мораат да ги остават настрана своите политички ставови“, нагласи Барет.
Судијката Барет ќе го преземе доживотниот мандат по одобрувањето во Сенатот.